Утре во Прилеп со својот тим гостува најуспешниот македонски селектор

Утре во стандардниот термин (сабота, 18.11.2023, 19:00 часот), во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски”, во рамки на седмото коло од Втората кошаркарска лига, во Прилеп гостува лидерот на табелата, екипата на МКК Куманово.

Кумановчани се предводени од страна на поранешниот и најуспешниот селектор на Македонија, Марин Докузовски, а на теренот од поранешниот репрезентативец Марјан Јанески, што го прави натпреварот вистински предизвик за младата екипа на Мега баскет.

-Со ваша поддршка, треба овој ден да го направиме вистински спортски и кошаркарски празник, и да докажеме дека Прилеп е кошаркарски град. Се гледаме во “Добре Јованоски”, утре во 7 – стои во повикот за поддршка од прилепскиот кошаркарски клуб.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.