Во понеделник 15.10.2018 – 20.00 ч. во киното Мис Стон ќе се изведе мултимедијалниот концертен перформанс „СОНУВАЊА ЗА ЗАБОРАВЕНОТО“, поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија, во рамки на манифестацијата „Нов културен бран“ 2018 година.
Перформансот е базиран врз комбинација на повеќе музички стилови, во кои доминира изведба на класична „западна“ музика од 17 и 18 век, кон која како еден можен контрапункт ќе бидат вклучени нејзините источни „паралели“, потипични за поднебјето кое не oпкружува, а тоа се традиционални стилови на пеење (изворно, византиско пеење). Целата слика ќе биде надополнета и збогатена со визуелен перформанс
Учесници:
Aна Митоска Стојаноска – сопран, Верица Шотаровска – пијано, Катерина Попоска – мецосопран, Бојана Артиновска – Трпческа – визуелен перформанс, Гоце Секулоски – труба, вокал (изворни и византиски напеви), Денис Најдоски – пијано, вокал (исон – изворни и византиски напеви), Димитар Ѓорѓиевски – режисер, Милан Секулоски – наратор, актер
Томе Темелкоски, Саша Нацевски – техничка и визуелна реализација