На експресниот пат Прилеп- Градско, делница Фариш- Дреново, утре поради градежни работи ќе има прекини на сообраќајот.
Прекините ќе започнат во 09:00 и 11:00 часот и ќе траат околу 30 – 45 минути.
После 11:45 часот сообраќајот ќе се нормализира.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.