Утре во градската библиотека “Борка Талески”- промоција на едицијата „Црните страници на УДБА“

crnite-stranici-na-udba-2-custom-520x363

Утре, 27.10.2016 година, со почеток од 13:00 часот во градската библиотека “Борка Талески” во Прилеп, ќе биде промовирана едицијата насловена како “Црните страници на УДБА”.

Првите 202 досиеја од огромната архива што југословенска тајна разузнавачка служба до 1990 година, а потоа и полицијата на демократска Македонија до 2000 година ги водела за огромен број македонски државјани од денеска се достапни за јавноста.

Едицијата насловена „Црните страници на УДБА“ во која на 13.000 страници преку користење на неовластено направени извештаи од тајната полиција е опишано што се случувало во Македонија од 1945 до 2000 година, содржи сведоштва за поголем број Македонци, пред се членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои биле следени од управата за државна безбедност на поранешната југословенска држава.

Државниот архив на Република Македонија во 16 кинги, поделени во 9 тома ги промовираше овие сведоштва, со цел да останат да сведочат за мрачната историја. Во нив ќе можат да се прочитаат тажните судбини на голем број истакнати македонски дејци. Првиот том е насловен „Елиминацијата на ВМРО по 1945 година“, вториот „Информбиро“, третиот „Помалку познати судбини“, четвртиот „Ченто и Доцев на удар“, петиот „Емиграцијата – државен непријател број еден“, шестиот „Уметниците на мета“, седмиот „Борбата за независна Македонија никогаш не престанала“, осмиот „Следење, обработка и обиди за растурање на ВМРО-ДПМНЕ“ и деветтиот том „Лустрацијата недовршен процес“.

На промоцијата поканети се сите заинтересирани граѓани, особено оние кои некогаш биле лично засегнати од кодошите и удбашите.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.