Утре ВМРО-ДПМНЕ ќе го претстави победникот на локалните избори

ВМРО-ДПМНЕ утре 29.07.2021 (четврток), со почеток од 20ч. на плоштадот “Александрија” во Прилеп, ќе одржи трибина која ќе има за цел промоција на политиките на новата политичка платформа “Македонија за сите луѓе”.

Според информациите, партијата и официјално ќе го промовира и кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, ортопедот Борче Јовчески.

Д-р Јовчески е добро познат кај прилепчани, а од неодамна е познато дека токму тој ќе ја трча изборната трка за прв човек на општината.

Реакциите на партијата, но и кај прилепчани изминатите 2 недели се воглавно дека тој е сигурен победник на изборите во октомври.

Останува да видиме како ќе се одвива изборната трка и со каква изборна програма ќе излезе Јовчески за Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.