Утеха за прилепчани: На 40 километри ќе можат да гледаат ракомет во Лига на шампиони

Битолскиот клуб “Еурофарм Работник” ќе настапува во ракометната Лига на шампиони во наредната сезона.

Битолчани аплицираа за европска вајлд-карта откако завршија на второто место во Суперлигата кај нас, а од ЕХФ добија зелено светло, па наредната сезона ќе настапуваат во најелитното ракометно друштво во Европа.

Новата сезона во Лигата на шампиони започнува кон средината на септември, а “фармацевтите” од Битола ќе бидат шестиот клуб од Македонија кој ќе заигра во Лигата на шампиони.

Битолчани ќе играат во една од групите Ц или Д.

Ждрепката за групите ќе се одржи на 27 јуни во Виена, а тогаш ќе бидат познати и ривалите на македонските тимови.

За утеха на прилепчани е тоа што на само 40 километри оддалеченот ќе имаат можност да гледаат врвен ракомет, откако прилепскиот клуб сезонава отпадна од Супер лигата, па наредната сезона ќе се натпреватува во понизок ранг.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.