Утакмицата за која сеуште се зборува: Пеле бил толку добар фудбалер што успеал да запре бpyтална вojна

Фудбалските утакмици не се баш секогаш синоним за бopба за мир во светот. Подобро кажано, утакмиците некогаш биле повод за големи koнфлиkти, а понекогаш и вojна.

Да се потсетиме на квалификациите за Светското првенство во 1970 година кои беа “повод” за “фудбалска вojна” меѓу Ел Салвадор и Хондурас. Нешто слично се случи и во 1990 година по утакмицата меѓу Црвена Ѕвезда и Динамо Загреб која беше вовед во распадот на Југославија.

Но, од друга страна, фудбалот има можност да ги обедини луѓето. Еден фудбалски меч барем на кратко го запре, можеби најбpyталниот koнфликт на 20 век- Бифранската вojна. Koнфликтот бил меѓу федералната влада на Нигерија и самопрокламираната република Биафра. Меѓународната заедница беше немоќна да обезбеди мир.

А потоа се појавил Пеле.

Имено, во 1969 година фудбалскиот велемајстор требаше да ја посети Нигерија со својот клуб – “Сантос”- и потоа да одигра ревијален меч. Утакмицата беше претходно закажана, а од финансиски причини Бразилците не сакаа да ја откажат.

Од една страна Сантос во тоа време бил толку добра екипа што добивале огромни суми на пари за да патуваат во светот и да играат со најдобрите локални клубови. А од друга страна Пеле бил неспоредливо најдобриот фудбалер во светот.

Никој во Нигерија не сакал да ја пропушти можноста да ја види легендата на дело, без разлика колку и да биле посветени на вojната.

Било потпишано дводневно примирје. Bojниците и од двете страни биле присутни на утакмицата. Без инциденти. По 48 часа се вратиле на старата “работа”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.