Уставен cyд пpeceкол? Платите на избраните функционери дpacтично се зголемуваат од овој месец?

Уставниот суд донел одлука со која се укинуваат два члена од Законот за плати и надоместоци на избраните и именуваните функционери, а со која одлука платите на функционерите ќе се зголемат за 78 отсто, изјави во гостувањето во Анализа на ТВ24, Трпе Деаноски од УПОЗ. Според пресметките на Синдикатот, платата на функционерите ќе се зголеми над 1.500 евра. Министрите, додаде тој, ќе имаат плата од 1.800 евра.

-Од една страна замразнуваат цени, а од друга страна Уставен суд носи одлука со која што само на функционерите им се поврзува платата со просечната плата и само функционерите добиваат огромно зголемување на плати. Процентуално изразено е 78 отсто покачување на нивните плати. Тоа во државата никогаш не го имало – рече Деаноски.

Тој посочи дека моментално вредноста на коефициентот со која се пресметуваа овие плати беше 26.700 денари.

-Сега со оваа одлука на Уставен суд се враќа на вредност од 47.637 денари кој се множи со коефициент. Моментално избраните и именуваните функционери, како што се претседател на Влада, претседател на Собрание, претседател на држава, кои имаат најголем коефициент ќе имаат над 1.500 евра нето плата – додаде тој.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.