Граѓаните, претставници од НВО, од институциите и сите кои сакаа да донираат, утринава успешно ја започнаа акцијата Денови на солидарност за најмладите која ќе трае два дена, а се одвива во Тинекс, Футура, Викторија Tобако, Бонита, Жито-маркетите, на градскиот плоштад како и во сите поголеми маркети низ градот.
Акцијата ја посети и градоначалникот Марјан Ристески кој исто така донираше паќетче, а пред камерите уште еднаш ги повика сите граѓани да земаат активо учество во хуманитарната акција и да донираат паќетчиња за најмладите.
За прв пат оваа година во пресрет на празниците општина Прилеп во соработка со Црвениот крст на град Прилеп го организираат хуманитарниот настан наречен „Денови на солидарност за најмладите“ каде денеска 23 и 24 (сабота) во период од 10 до 18.00 часот сите добронамерници ќе може да донираат паќетчиња за најмалите на пунктовите на веќеспоменатите марќети.
Градоначалникот Марјан Ристески уште еднаш посочи дека општина Прилеп е една од најхуманите општини не само преку оваа новоорганизирана акција, туку и преку низа други настани како што се Светиниколскиот турнир кој исто така има хуманитарен карактер, а веднаш по Нова година се организира и традиционалниот Божиќен ручек наменет за децата без родители, децата со посебни потреби, децата на загинатите бранители…