Градоначалникот Марјан Ристески на денешната прес конференција им се заблагодари на организаторите за успешно организираниот „Интернационален Џез викенд“, кој заврши во саботата со настапот на македонскиот виртуоз Влатко Стефановски и на хрватскиот џез- ансамбл „Франц Кафка“ во он- програмата, како и со свирката на турскиот маестрален џезист Џингис Ибрахим со проектот „Хај џез 3“ во оф-програмата..
Снежана Ристеска, Советник за култура ги сподели импресиите за бројната посетеност со што се докажа дека прилепчани имаат слух и за овој вид урбана музичка култура, посочи Ристеска во изјавата.
Од 25 до 27 август на летната сцена од ЦК „Марко Цепенков“ се претставија 10 ансамбли со 40 звучни домашни и странски имиња од светот на џез-музиката.
Годинашниот јубилеен џез- викенд во Прилеп, всушност е заокружување на богатото Прилепско културно лето во чии рамки се одржаа бројни културни манифестации: изложби, концерти, театарски случувања и сл.