Синоќа околу 20часот, во акција на Шумската полиција биле запленети две товарни возила со бесправно сечени дрва во атарот на селата Пешталево и Ропотово.
Според информациите кои ги дознаваме, возилото кое било запленето во Ропотово, пред да биде сопрено удpило во службено возило.
Во изминатиот период зачестени се случаите со бесправна сеча на шума во општина Долнени, а пред три дена вработени во шумската полиција, додека извршувале службени дејствија, пронашле товарно возило „там“ без регистарски ознаки и го одзеле, при што биле физички нападнати од Р.М. од с.Црнилиште и уште три лица, кои со патничко возило „фолксваген пасат“ и со тврди предмети ги оштетиле службеното и одземеното возило. Притоа, еден од вработените во шумска полиција испукал во воздух еден куршум од службениот пиштол, во знак на предупредување.