На 31.01.2024 во 19.45 часот, во СВР Битола се јави лицето О.П.(54) од с.Кравари и пријави дека на ден 31.01.2024 година, во околу 14.00 часот неговиот дедо Л. Н.(75) од с.Кравари се оддалечил од домот и се упатил во непознат правец, односно истатиот го пријави за исчезнат.
По добиената пријава, веднаш од страна на полициски службеници од СВР-Битола преземени се мерки и активности за негово пронаоѓање при што беа организирани патроли за пребарување на теренот во поблиската и пошироката околина на с.Кравари, битолско и тоа, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола како и полициски службеници од полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола и полициското одделение Велушина како и лица од селото, при што лицето во 23.15 часот од страна на полициските службеници лицето беше пронајдено кај црквата во с.Кравари во добра здравствена состојба но изнемоштено и премрзнато по што беше однесено во неговиот дом, предадено на неговите роднини и повикана е екипа од ИМП-Битола.