Боксерскиот клуб “АС” од Прилеп е местото од каде низ годините излегоа врвни боксери и спортски имиња, сега приказната продолжува во нови современи простории.
Викендов во Прилеп, на локација сместена на вториот кат кај КАМ маркетот во населба “Точила”, свечено беа отворени новите современи простории на БК “АС”.
Клубот кој низ годините наназат е вистински репрезент на индивидувалниот спорт во Прилеп, ја продолжува приказната, сега со уште повеќе ентузијазам, енергија и секако супер модерни услови за тренинг и напредување.
На отварањето присутни беа спортски работници, поранешни и активни боксери, вљубеници во боксот, новинари…
Tренерот на клубот Дарко Чатлески вели дека и кога тој настапувал како репрезентативец и активен во боксот мечтаел и сонувал за вакви услови за тренинг, но се надева дека генерациите кои сега тренираат во клубот, а и оние кои доаѓаат, едноставно, максимално ќе уживаат во секој момент поминат во рингот, кој е поставен во средишниот дел, како и на сите боксерски сегменти кои ги поседува клубот, а се ставени во употреба за тренажните процеси.
Чатлески заедно со неговите ученици презентираа и повеќе демонстрации на отварањето и покажаа пред присутните со какви боксерски потези располагаат.
Чатлески нескромно истакна дека визијата и реализацијата на новото руво на БК “АС” се должи и на заедничката посветеност и упорност со сопругата Весна Чатлеска, како и огромната поддршка од децата Матеј и Бојана, кои и самите активно и вредно тренираат во клубот и мечтаат да постигнат големи спортски успеси.
Во моментов во тек се уписите за нови членови на клубот, а заинтересираните можат да се обратат на следниот ЛИНК
ТРЕНИРАЈТЕ СО НАЈДОБРИТЕ! ШАМПИОНИТЕ СОЗДАВААТ НОВИ ШАМПИОНИ!