Во саботата во кругот на сала “Македонија” во Прилеп, во организација на “Car Club – Прилеп”, се организираше хуманитарен настан, а средствата собрани на настанот се донирани за малата Симона Хаџи Тошев од Штип која боледува од лeykeмија.
На Симона и е дијагностицирана akyтна нелимфобластна леукемија и потребна и е помош за лекување во странство.
На настанот собрани беа 24.600 денари и веднаш беа донирани на донаторската сметка.
За малата Симона можете да донирате на следната сметка:
Примач: Симона Хаџи Тошев
С-ка за донации: 270-7000448932.95