Успешен панаѓур: Рачно изработените украси од учениците од СОУ “Кузман Јосифоски-Питу” распродадени – со парите ќе купат пакетчиња за децата со посебни потреби

Денеска на големиот христијански празник Св. Никола, учениците од СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ Прилеп ги изложија и ги продаваа своите рачно изработени украси во центарот на градот.

-Учениците имаа можност да се запознаат и да се дружат со членовите од здружението„ Порака“ Прилеп, кои не’ почестија со нивното присуство.

Во знак на внимение и идна соработка учениците им подарија честитки изработени лично од нив и мали поклони за секој член од здружението.

Новогодишниот панаѓур беше успешен, бидејќи сите рачно изработени украси беа продадени. Парите кои беа собрани ќе се искористат за новогодишни пакетчиња за деца со посебни потреби. Голема благодарност до сите кои зедоа учество во нашата хуманита акција и кои придонесоа таа да биде успешна – стои во сооштението од ова прилепско средно училиште.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.