На 4 март во саботата во Скопје се одржа државното првенство во Кик-Бокс. На првенството учествуваа вкупно 166 борци од 24 клубови од сите градови во Македонија.
Клубот “Максам Фајт”-Прилеп настапи со 4 учесници и освои три сребрени и еден бронзен медал.
Кондиционата и техничката подготвеност на борците од “Максам Фајт” им донесе големи успеси на ова првенство.
Стефан Сталески во категорија до 67 кг, Давид Шапурич во категорија -96кг и Стефан Иваноски во категорија -63кг се носители на сребрени медали. Виктор Нестороски во категорија до 71 кг е третопласиран.
Најголемо изненадување на првенството беше Стефан Иваноски за кого ова беше прв настап.