Успешен бизнисмен и хуманист влегува во трката за градоначалник на Прилеп?

Јавноста во Прилеп е во исчекување на првите официјални партиски анкети за да ги слушне потенцијалните имиња за кандидати за градоначалници.

Се калкулира со повеќе имиња, но никој досега јавно не ги истакнал своите амбиции да ја преземе градоначалничката функција од октомври.

Актуелниот градоначалник Д-р Борче Јовчески, со кој партијата победи на локалните избори во 2021 година, и тоа со повеќе од 7.500 гласа разлика, се очекува стандардно да се најде на партиската листа на ВМРО-ДПМНЕ, иако повторно јавноста не е запозната со неговите лични аспирации за втор мандат.

Единствен кој досега излезе пред граѓаните, најавувајќи дека ќе ја побара партиската поддршка за прв човек на градот под Марковите Кули, е бизнисменот и актуелен советник во Советот, Диме Бозоски.

Тој во интервју за локалниот весник “ЗЕНИТ” ги истакна своите аспирации, истакнувајќи дека се надева дека неговото име ќе се најде во внатрепартиската анкета на владеачката партија.

-Себе си се гледам како сериозна опција за градоначалник кој ќе донесе промени и развој на својот град. Со долгогодишно искуство во економијата, бизнисот и локалното управување, најавувам дека сум подготвен да одговорам на предизвиците и да понудам конкретни решенија за најдобар Прилеп, истакна Бозоски.

Бозоски е активен член на ВМРО-ДПМНЕ од 2004 година. Од 2010 до 2012 година бил претседател на партиската комисија за економија, во 2021 година станува дел од Советот на општина Прилеп, а од 2024година ја извршува функцијата Заменик градоначалник на општината.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.