Општина Илинден денеска и утре е домаќин на Првиот Регионален саем за економски развој – „ЕКСПО ИЛИНДЕН 2025“, што е одлична платформа за компаниите од нашата и околните општини кои ќе се претстават и ќе имаат можност за воспоставување на соработка, размена на искуства, деловно вмрежување, отворање нови можности и нови работни места.
-Овој саем претставува важна пресвртница за економскиот и општествениот развој на нашата општина и поширокиот регион, ова е конкретен чекор напред со која го потврдуваме капацитетот на Илинден како регионален економски центар, двигател на соработка и на промени – напиша градоначалникот на општината Александар Георгиевски.
Како претставник од Владата, на саемот присутен беше и заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, кој истакна дека организирањето на овој регионален саем за економски развој е одлична идеа и можност за поврзување на локалните бизниси, претприемачи, инвеститори и други клучни актери, а со цел стимулирање на економскиот развој и создавање на нови можности за раст во општината и во државата.