Горан Пандев вчера го постигна својот 95 погодок во Сериа А. Пандев и на 37-годишна возраст покажува класа и мајстории кои ретко на кого му успеваат.
Тој вчера беше стартер на првиот натпревар од новата сезона за Џенова и стрелаше за 2:0 против Кротоне.
Пандев доби топка во празно и излезе пред противничкиот голман кого го матираше со прекрасен лоб удар.
Твитер врие од коментари и пофалби за нашиот капитен, а една монтажа привлече најмногу внимание.
“Пандев во 2057 година и се’ уште постигнува голови”, пишува над фотографијата.
Pandev in the year 2057 still scoring pic.twitter.com/iF6MP1DQiy
— Mamba24 Diavolo1899 (@talesheva) September 20, 2020