Урнебесно, Стојанче одговара на прашања од фановите: “Ракомет почнав да играм на 18 години, претходно играв кошарка” (ВИДЕО)

Капитенот на Вардар одговара на прашања од фановите пред камерата на ЕХФ.

За тоа на што најдобро ќе се сеќава од оваа сезона, Стојанче вели дека тоа е натпреварот на гости против Пик Сегед.

“Одличен натпревар, тежок натпревар, гласен натпревар и на крајот сме тука”.

Што е најважно за да се биде пивот?

“Moра да имате малку повеќе вишок на килограми. Морам да го кажам ова, бидејќи јас сум таков. Мускулест, но не е се’ во мускулите, мора да имате нешто и во главата”.

Aко не беше ракометар, што би бил?

“Всушност започнав да играм ракомет кога имав 18 години, претходно играв кошарка, но не бев многу добар во тоа”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.