Дедо Мраз е култна божиќна икона која со генерации е пренесувана на децата, со што секое дете верувало во ова божиќно чудо. Полничок и белобрад дедо облечен во црвена облека со голема вреќа подароци на својата санка и со своите ирваси, одел од куќа до куќа и додека децата спиеле, пред божиќното утро им ги оставал подароците под елката, протнувајќи се низ оџакот. Децата се радуваат на оваа традиција, но исто и возрасните.
Добро е познато дека подароци добиваат само децата кои биле добри во текот на годината. Оние кои се наоѓаат на “другата листа” на Дедо Мраз, нема да пронајдат подарок под елката.
Малиот Џексон планира на друг начин да го земи неговиот “незаслужен” подарок.
Неговиот татко му рече дека тој се наоѓа на “листата со лоши деца” и дека добил порака од Дедо Мраз.
– Кажи му на Џексон да биде добро момче, во спротивно нема да добие подарок, ова е пораката која ми ја испрати Дедо Мраз синоќа, вели неговиот татко.
– Јас сум на “добрата листа” и ако Дедо Мраз не ми даде подарок, ќе добие “аперкат”, нервозно вели малиот Џексон.