Уредникот на порталот “Народен глас”, Рубин Иваноски, кој во јавноста важи за долгогодишен поборник на СДСМ и човек кој на локално ниво носеше голем дел од товарот додека партијата беше во опозиција, на својот Фејсбук профил упати јавни критики кон актуелното локално раководство во Прилеп.
“Премиере и претседателе Заев, во Прилеп треба и други да јадат леб, неможе некој да прават 100.000 денари приход по фамилија, да прават бизниси преку ноќ а некој да моли и коли за основни средства за нормално функционирање.
Ваков клиентелизам во СДСМ, ароганција и вакво хоштаплерење немало ни во времето на Бранко Црвенковски во времето на транзиција и на Боки Бургија”, напиша Иваноски.
Ова не е прв пат некој од истакнатите членови, активисти и симпатизери на владеачката партија да го критукува локалното раководство на партијата, а сега таква критика доаѓа и од острото перо Рубин Иваноски.