ООУ “Климент Охридски” Прилеп доби современ кабинет по информатика.
-Науката денес е технологија на утрешниот свет. Компјутерската технологија е само алатка,во однос на приближувањето на учениците да работат заедно и нивното мотивирање, наставникот е најважен да му го доближи тоа. Конечно направен новиот кабинет по информатика во нашето училиште – напишаа од училиштето на Фејсбук.
Од фотографиите може да се види дека се работи за беспрекорно уреден простор по сите стандарди, налик на канцеларија од некоја современа ИТ компанија.
Секоја чест!