Унијата на млади сили при ВМРО-ДПМНЕ објави ПОВИК за нови претседатели на општински комитети

Унијата на млади сили при ВМРО-ДПМНЕ објави ПОВИК за кандидирање на претседатели на Претседатели на 76 општински комитети.

Претседателот на политичката младина на партијата, Лука Кржалоски на својот Фејсбук профил напиша:

“Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ како најмоќен и најброен политички подмладок во Македонија, постојано ја потврдува амбицијата да биде носител на промени.

Во тек е процес на структурна реорганизација од која очекуваме да излеземе уште посилни и посплотени, за доброто на младите и нивните интереси. Затоа ве поканувам да аплицирате на Конкурсот за претседатели на општинските комитети најдоцна до 18.6 2018 и да бидете креатор на нови младински политики какви што ни се потребни денес”

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.