Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ ОК Прилеп во чест на роденденот на големиот Тоше Проески беа во посета на родното Крушево и неговото вечно почивалиште.
Заедно со ОК Крушево положија свежо цвеќе и торта во спомен куќата на Тоше. Дружењето беше во спомен на силата, големината и талентот на Тоше.
“Остануваш во нашите срца како најголем и најлојален амбасадор на Р. Македонија”, изјави Ирена Стерјовска, претседателка на УЖ при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.