Уништен мерцедесот на Дејан Манaсков, нападнат и Стојанче Стоилов

dejan-manaskov-640x397

Утрово околу 4.15 часот е пријавено оштетување на два автомобили на улица Костурски херои во општина Центар во Скопје.

Оштетена е предната хауба на мерцедесот на ракометниот репрезентативец Дејан Манасков, а исто така оштетување е пријавено и на вратата и на шофершајбната на голфот кој е сопственост на фудбалерот Никола Трипуновски. Од полицијата соопштија дека инцидентот се истражува и се бараат напаѓачите.

-Штетата на возилата е предизвикана од бекатонски плочки со кои непознатите напаѓачи фрлале кон возилата. Утрово е пријавено оштетување на автомобил мерцедес- сопственост на Д.М. (роден 1992-ра) и на голф- сопственост на Н.Т.(роден 1982-ра). И двата автомобили се со скопски таблички, изјавија од СВР Скопје за Телма.

Од скопската полицијата тврдат дека немало никаков физички напад ниту физичка пресметка која е поврзана со овој инцидент кој им е пријавен. Повеќе интернет портали објавија дека во тепачка кај Универзална сала биле повредени двајца ракометни репрезентативци. Од СВР Скопје велат дека таква пријава нема, а во посочениот реон се случило само оштетувањето на автомобилите. Се проверува што точно се случило раните утрински часови на улицата Костурски херои.

Репрезентативното крило Дејан Манасков (игра за РК Вардар), беше втор стрелец на штотуку завршеното Европско првенство во Полска и го постигна решавачкиот гол во последните секунди од мечот против Србија со кој Македонија се пласира во вториот дел од натпреварувањето.

stole-stoilov-povreda-640x366

Група насилници го нападнале и ракометарот од македонската репрезентација Стојанче Стоилов, рано утринава во скопската населба Карпош, потврди скопската полиција, објавија дел од медиумите.

Според полицијата, нападот се случил околу 4 часот на булеварот Партизански одреди. Но, во интерес на истрагата, од полицијата одбија да дадат дополнителни информации за настанот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.