Уникатните рачно изработени велосипеди на Душко се бараат низ целиот свет: Започнал како хоби, а сега добива порачки од секаде (Видео)

Оние кои сонуваат своето хоби еден ден да го претворат во работа, секако за совет би требало да го прашаат Душко Илијевиќ од Хрватска

Иако со години проектирал и изработувал уникатни, рачно изработени велосипеди и моторцикли, сега одлучил да отиде и чекор напред, па некои свои модели веќе ги пуштил во сериско производство.

Се’ започнало, како што вели Душко Илијевиќ како хоби, а денеска произведува велосипеди со електричен погон. Неговите симпатични велосипеди денеска се возат ширум светот, а производството се повеќе се шири. Рачната изработка, единствениот дизајн и квалитетот, се негови најсилни адути со кои овие велосипеди ги освојуваат купувачите.

Душко со години работел како воспитувач во детска градинка. Вели дека и децата ги подучувал во нивната игра секогаш да бидат креативни.

Верува дека човек може се’ да направи со своите раце, само ако за тоа има силна желба и волја.

Во видеото во продолжение погледнете за што точно станува збор:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.