Унгарскиот парламент денес го усвои пакет-законот под назив “Стоп Сорос” со кој кривично ќе се гонат невладините организации кои ќе им помагаат на мигрантите.
Премиерот Виктор Орбан по победата на парламентарните избори вети дека ќе предложи таков закон и си стоеше на зборот. Законот во парламетот е изгласан со 160 гласови “За” и 18 “Против”.
Орбан претходно имаше започнато кампања против Џорџ Сорос (87), американскиот милијардер со унгарско потекло, и го обвинуваше дека преку невладини организации финансира и поттикнува масовно доселување на мигранти во Европа.
Според новиот закон предвидена е казна затвор од една година за секој кој илегално ќе влезе во Унгарија од земја кој не е дел на Шенген зоната.
Hungary passes 'Stop Soros' law banning help for migrants https://t.co/FZXkq1lYEe
— BBC News (World) (@BBCWorld) June 20, 2018