УНГАРИЈА ГО ЗАШТИТУВА СЕМЕЈСТВОТО, А ЈА НАПАЃА ЕУ: Европа е континент со празни колевки !

Унгарија вчера ја започна кампањата за семејната политика, критикувајќи ја Европската Унија дека сака да го реши демографскиот проблем со имиграција.

“Европа е континент на празни колевки, нема доволно деца”, рече Каралина Новак, државната секретарка во конзервативната влада на Виктор Орбан, за време на отоворањето на кампањата која се однесвуа за пополнување на формуларите за граѓани.

Кампањата наречена “Семејство” се однесува на формулар кој треба да го пополнат околу 8 милиони Унгари.

Политиката на Орбан против мигрантите, како и оваа кампања, беа мета на критика на многу влијателни личности од ЕУ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.