УМС Прилеп за утре организира панел дискусија на тема „Во младите е силата”

Во недела, 11.11.2018, со почеток во 19:00 часот, во Кино салата – „Мис Стон“ во домот на култура „Марко Цепенков”, УМС Прилеп организира настан – Панел дискусија на тема: „Во младите е силата”.

На настанот свое обраќање ќе имаат в.д. претседателот на Унијата на Млади сили Јован Јаулески, како и други говорници.

Ќе се зборува за значењето на младите во Република Македонија, предизвиците, можностите, поволностите и препреките со кои секојдневно се соочуваат.

Во време кога младите се ставени на маргините од државата, додека се решаваат прашања поврзани со продажба на националните интереси, Унијата на млади сили, ќе потсети на значењето кое го имаат младите, како еден од главните столбови врз кои треба да почиваат политиките, што ќе значат развој, поддршка со цел полесно остварување на зацртаните цели и спречување на одливот во странство.

Само преку споделување на позитивни искуства и конструктивна критика за лоцираните проблеми, ќе може да се избориме за подобро утре како за нас така и за идните генерации.

УМС Прилеп, ги поканува сите заинтересирани да земат активно учество на ова панел дискусија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.