“Умирав” од досада а потоа ја донесов најдобрата одлука во животот

screenshot_1-15

Британецот Џо Бартли (89) “умирал од досада” во својот дом во јужен Девон во Англија. Тој одлучил да побара работа, па започнал како келнер во локалното кафуле.

Бартли бил член на шестата воздухопловна дивизија и служел во Палестина по Втората Светска војна. Неговата сопруга Касандра починала пред две години и Џо од тогаш живее сам.

“Немав со кого да разговарам. Откако почина сопругата се преселив во стан и животот е тука како во затвор. Како во самица” , рече Џо за “The Guardian”.

Неговиот оглас во весниците го виделе сопствениците на барот “Cantina Bar and Kitchen” па го повикале на разговор.

Во огласот напишал дека е осамен старец кој бара вработување на половина работно време, за да не “умре од досада”.Ова не е единствената понуда за работа која Џо ја добил.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.