Уметност на чинија за гастрономско уживање! “Inn Ketering” од Прилеп се вашиот избор за совршени семејни веселби и свечености! (Фото/Видео)

Да се создаде уметност со храна на чинија е можеби исто толку тешко колку да се создаде уметничко дело на платно. Како и кај секој занает, па и во работата со храна, потребна е умешност, потребно е око за убаво и потребна е имагинација и креативност. Ако на сето тоа се додаде дека треба да се задоволат потребите и желбите на стотици различни луѓе, со исто толку различни карактери, тогаш ќе ви стане јасно колку кетерингот како професија е макотрпна работа, и колку луѓето кои со цело срце се вложуваат во оваа работа се вредни и истрајни луѓе.

Тоа што досега не им успеало на многумина, им успеа на луѓето во “INN KETERING”, мајстори на занаетот од Прилеп кои веќе подолго време од оваа професија создаваат врвна уметност и трајни спомени за своите клиенти.

Многу тешко со зборови ќе ја доловиме нивната работа, затоа што тоа е нешто во кое се ужива три пати. Прво не можeте да се изнагледате, второ не можeте да се донагостите, а потoа тука се и фотографиите, кои трајно остануваат во ваш спомен и преку кои засекогаш ќе се сеќавате на кого сте му ја довериле грижата за беспрекорноста на вашите семејни веселби и случувања.

Ангел Карбески и Тони Стојковски со својот тим прават се’и даваат се’ од себе за на своите клиенти да им го пружат секогаш најдоброто. Едниот млад, 23-годишен, со еден грст награди од домашни и меѓународни натпревари во кулинарство, а вториот со богато готвачко искуство зад себе. Тие се главните диригенти зад ремек делата на досега стотици семејни веселби, свадби, коктели, приватни забави…

Освен порачки за секаков вид на храна, домашни или интернационални специјалитети, нивната дејност опфаќа и:

-уредување на коктел маси со разни алкохолни и безалкохолни пијалоци,
-комплетна декорација на маси и простор,
-обезбедување на персонал (шанкери и келнери),
-прием на гости,
-изнајмување на високи маси,
-организирање на огномети,
-изработка на менија за ресторани

Можат да се пофалат со успешна соработка со речиси сите познати вили за прослави и сали за свечености, од каде ќе добиете чесна препорака дека токму тие се луѓето кои од вашите најсреќни моменти во животот ќе направат мала магија.

Во овие тешки времиња кога владее голема скапотија и кога цените на услугите не ретко се набилдани до небо, во “INN KETERING” ќе добиете се’ што сте замислиле по реална цена што одговара за вашиот буџет. Токму затоа прилепчани секојдневно ги бараат, а добриот глас се слуша надалеку, па често нивниот тим патува и во другите градови ширум државата.

А дека располагаат со голем број задоволни муштерии е гарант и тоа што во нивниот календар веќе ги пополнуваат термините и за идната 2025 година.

Врв на нивната успешност е и последната награда која ја добија од Шведската асоцијација на готвачи, а се однесува на нивниот придонес во светските културни и гастрономски настани, и за успешната соработка за промоција на гастрономијата во Европа и светот. Покрај тоа членови се и на ГАСТРО МАК – Асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија.

За малку ќе заборавевме и благите десерти, кои се врв на секоја маса. Ги има од секаков вид…слатки, овошни…, а заедничко за сите е што се превкусни.

Ако нам не ни верувате, тогаш проследете ја фотогалеријата во продолжение и секако заследете ги нивните профили на Фејсбук и Инстаграм, па уверете се во убавите зборови и се’ она што потенциравме погоре.

Резервирајте ги “INN KETERING” навреме уште денеска на телефонските броеви: 079 266 284 и 078 561 344, затоа што вашите најсреќни мигови во животот немаат реприза!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.