Учениците од Основното општинско училиште “Добре Јованоски” oд Прилеп на еден креативен начин приредија изложба насловена како “Уметноста преку храната”. Преку свои рачно изработени креации од овошје и зеленчук, учениците направија вистински ремек дела. Погледнете ги фотографиите и уверете се во нивната умешност.