Изминатите денови на островот Брач во Супетар, Хрватска, се одржа најголемиот гастрономски натпревар на Медитеранот ,,Бисер мора”, кој беше во организација на Сојузот на кувари од медитеранот и европскиот регион.
Натпреварот се одржа по 18-ти пат, а како дел на тимот од “Гастромак”, на истиот учествуваше и прилепчанецот Влатко Алексоски, кој за прв пат се натпреваруваше во неговата категорија карвинг и освои прво место и златен медал.
Алексоски ни истакна дека ова е огромно искуство за него и преку фотографии ни пренесе дел од атмосферата и организацијата таму, за кои вели дека биле на беспрекорно ниво и како Македонци биле топло дочекани.
Честитки за Влатко кој прераснува во вистински амбасадор на Прилеп и Македонија. Му посакуваме уште поголеми успеси во иднина!