Уловил риба од 80 килограми па за малку самиот станал плен – му ја украле пред очи (ВИДЕО)

Рибар кој од морето пробал да го извлече својот плен, голема риба од видот тарпон, многу се изненадил кога рибата од раце му ја собрала ајкула

Кога Роберт Горта уловил голем тарпон, сакал да се слика со рибата, но не можел ни да замисли дека за својот плен ќе мора да се бори со многу поголем грабливец.

„Го фатив со рацете, како и секогаш за слика, но потоа голема ајкула ми го собра од раце. Не можев да верувам што се случува.“, раскажал тој за АБЦ.

Бидејќи во Флорида е илегално на брод да се извлече риба подолга од 100 сантиметри, Горта не можел ништо освен беспомошно да гледа како ајкулата ја носи рибата под вода.

На снимката се гледаат траги од гризнување на телото на рибата.

„Ми беше жал за рибата. Таа е од неверојатна сорта од која успевам добро да заработам. Имам голема почит спрема нив, но не можев ништо да направам.“, рекол рибарот.

Горта со рибарење се занимава веќе 22 години, ама кажува дека овој настан никогаш нема да го заборави.

„Уште мислам на тоа. Секој ден раскажувам и се фалам на сите што ги познавам. Имам среќа што за живот заработувам на вода. Кога си секој ден на вода, гледаш секакви луди работи“, заклучил тој.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.