На 05.08.2024 во 01.00 часот од ул. „Александар Македонски” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Б.Ц.(34) од Прилеп поради сомнение за сторени кривични дела по член 235 и член 215 од Кривичниот законик.
Од него биле одземени мопед „хамачи”, облека, пакувања со грутчеста материја и монети во различни апоени.
По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава – информираат од МВР.