Украдени 20.000 евра од домот на 60-годишник во прилепско

Од куќа во прилепско Кривогаштани украдени се околу 20 илјади евра. Кражбата е извршена на 16.08.2018 во периодот од 03 до 08 часот во домот на 60-годишниот М.Ш. – пренесува порталот “Шеталиште”.

Разбојникот со употреба на сила влегол во куќата од каде ги одзел парите.

Увид извршила екипа од полициската станица Прилеп. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.