Укината забраната за камиони на Плетвар

Од 12:00 часот укината е забраната за движење тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Кичево,на Пресека и Буково.

Забрана за движење на тешки товарни возила се уште има на патните правци: Гостивар – Маврово – Дебар, Гостивар – Стража – Кичево, Струмица – Берово и Тетово – Попова Шапка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.