Најдобро рангираниот македонски универзитет, Универзитетот Свети Кирил и Методиј, денес се наоѓа на 1.594 место.
Рангирањето извршено од Шпанскиот национален истражувачки совет, ги мери научните достигнувања на вработените во Универзитетот и нивното влијание во светот.
УКИМ е единствениот македонски универзитет меѓу првите 3.700 универзитети во светот. Следен на листата е штипскиот универзитет Гоце Делчев кој се на 3.711-то место.
Во соседството најдобро рангирани се Националниот универзитет во Атина на 256 место; Универзитетот на Љубљана на 332 место; Универзитетот на Белград на 447 место; Универзитетот на Загреб на 571 место; Софискиот Универзитет Св. Климент охридски, на 988 место; Универзитетот на Сараево на 1.677 место,, Универзитетот на Црна Гора на 1.937 место; и Универзитетот на Тирана на 3.784 место.
Но не е се така црно, има и една добра вест: УКИМ има уште 2000 места за паѓање, за да го стигне вториот универзитет од Македонија.