Уживање! Слушнете го првиот музички проект на младата и талентирана прилепчанка Маја Марија (Видео)

Младата Маја Марија од Прилеп ја започна својата музичка кариера со нејзиниот прв cover на YouTube. Пред три месеци Маја Марија зеде втора награда на Меѓународниот арт фестивал, а сега се појави со нешто ново и уникатно.

Новиот cover е сплет од две англиски песни и е првиот проект кој Маја Марија го изведи по нејзина замисла.

“Најголема желба во животот ми е да успеам во музиката, но како секој музичар до сега одам чекор по чекор до целта. Целта на овој проект е да стекнам публика и да се претставам себе си. Понатаму би сакала да извадам, а можеби и да напишам своја авторска песна.’’, вели младата изведувачка од Прилеп.

“Интересно за мене е што сум љубител и на македонската музика. Сонувам дека еден ден ќе испеам нешто македонско кое ќе биде хит во Македонија со години, па и на тоа работам сега. Задоволна сум со својот успех до сега, а до следиот мој проект уживајте во овој”, додава Маја Марија.

Maркукуле и’ посакува огромни успеси на нашата млада прилепчанка во иднина, а следниот музички проект го очекуваме со нетрпение.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.