Женскиот хор при OOУ “Климент Охридски” ја продолжува прекрасната соработка со пејачката секција од Здружението “Преродба”, a oвој пат заедно и со музичата група “Тајфата”, направија извонредна преработка на македонската песна “Отвори ми бело Ленче”.
-Песната што ќе ја слушните денес е вистински бисер на музиката. Низ неа,нашите ученици го сполотија својот талент и емоција, создавајќи нешто што допира до самото срце. Секој тон, секоја нота ја пренесува не само музиката туку и душата на учениците. Убавото пеење не се сведува само на совршена изведба, туку на искреното и длабоко поврзување со тие што слушаат. Оваа песна е како мост помеѓу младоста и искуството на музиката и емоцијата во нас. Нешто што не не остава рамнодушни. Голема благодарност до нашето верно здружение “Преродба”, музичката група “Тајфата” наставникот Бојан Митрески и ментор наставник Маја Џопа. Тон звук-Чавлески логистик Видео-Фан продукција – Зоран Пилоски – напиша на ФБ директорот на училиштето Ахил Јаков.
Уживајте во продолжение: