Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од -1 до 7, а дневната од 22 до 29 степени.
До вторник ќе се задржи сончево и топло време.
Во среда облачноста ќе се зголеми, дневната температура ќе опадне за неколку степени, а во текот на ноќта кон четврток ќе има локален дожд.
Значителна промена на временската состојба се очекува од четврток, кога ќе преовладува претежно облачно и постудено време со врнежи од дожд, а дневната температура дополнително ќе опадне за уште 5-7 степени.