Времето денеска сончево и топло. И утре ќе се задржи сончево и топло време со надпросечни температури за овој период од годината. Во сабота во попладневните часови ќе има локален краткотраен дожд, особено во планинските подрачја. Во недела ќе биде променливо облачно со повремени врнежи врнежи од дожд, на повисоките планини со услови за повремен снег, а ќе дува и умерен до засилен југозападен ветер. Ќе има и услови за ретки грмежи. Од понеделник поради спуштање на постуден воздух, температурите позначително ќе опаднат.