Роберт Роканоски и неговата ќерка Сања Роканоска од Прилеп беа вистински хит со нивниот заеднички дует во популарната емисија “Никогаш не е доцна” на Гранд.
Популарниот Роки помеѓу прилепчани со својот енергичен настап ја запали сцената и ја разигра публиката и жирито, а големи симпатии тогаш собра и неговата ќерка Сања која поседува голем музички талент што го наследила од својот татко.
Роканоски има “жарено и палено” низ голем број дискотеки и локали не само во Македонија, туку и низ поранешните ЈУ простори, а неговата ќерка исто така настапува и воодушевува со своите гласовни способности.
Овој прекрасен дует од татко и ќерка од неодамна настапува во ресторанот “Кавали” во Прилеп, лоциран на улица “Јоска Јорданоски” веднаш до фурната Плетварец.
Taка ќе биде и овој викенд, и во петок и во сабота, па затоа се бара маса повеќе, а ако сакате и виде да поминете една убава вечер и да се забавувате заедно со вашето семејство или најблиски, резервирајте веднаш на тел. бр: 075/308-054.
Уживајте во гурмански приготвените специјалитети, во одлична забава и сето тоа по најниски цени во Прилеп.
А сега уживајте уште еднаш во настапот на Роберт и Сања Роканоски: