Англискиот судија Ентони Тејлор заврши со Европското првенство во Германија пренесува италијанскиот медиум „Газета дело Спорт“.
Тејлор е во центарот на вниманието по оштетувањето на домаќинот Германија кога во второто продолжение од четвртфиналниот дуел против Шпанија не досуди пенал по очигледна игра на рака на Марк Кукуреља во шестнаесетникот.
Десетина илјади Германци се уште потпишуваат петиција за преигрување на средбата со Шпанија, нешто што нема да се случи, но јасно е дека појавуање на Тејлор во центарот од продолжението од турнирот нема да биде добар маркетинг за турнирот и организаторот.
Иако УЕФА јавно не објави дека Тејлор згрешил и ги оштетил Германците, сепак решиле да го вратат дома, а веќе нема да го гледаме на ЕП.
Словенецот Славко Винчиќ ќе го суди првиот полуфинален натпревар меѓу Шпанија и Франција, а Германецот Феликс Цвејер вториот меѓу Холандија и Англија.
Според извори од УЕФА до кои дојдоа англиските медиуми, најсериозни кандидати за делење на правдата на финалната средба на 14 јули во Берлин се Италијанецот Даниеле Орсато, Полјакот Шимон Марчинијак и Англичанецот Мајкл Оливер.