Лидерите на Чешка, Унгарија, Словачка и Полска денес соопштија дека го одбивааат бриселскиот план за разместување на мигрантите ширум Европската Унија, нарекувајќи го тоа уцена.
Тие четири држави, познати како “Вишеградска група”, долго се спротивставуваат на дополнителниот товар од прифаќање на бегалците, кои главно стигнуваат од Сирија.
Од Брисел стигна предупредување дека државите кои го одбиваат планот ќе се соочат со финансиски последици.
Ф.Г.