Угocтителите од Cтpyмица први го кpeвaaт глacoт, денecка на пpoтecт ќе бapaaт влез и на невакциниpaните во нивните обjeкти

Струмичките угостители поради незадоволството од новите мерки против ковид-19 денеска ќе излезат на протест за да го изразат револтот.

– Од вторник од 11 до 13 часот, секој ден во знак на незадоволство ќе ги блокираме улиците во Струмица како и влезовите на градот.

Ги бараме повторно претходните мерки за слободен влез на невакцинирани и вакцинирани, бидејќи со моменталните мерки се создава само поделба на граѓаните.

Ние не сме тие што ја шириме короната и затоа бараме Владата да го прифати нашето барање – велат од Угостителското здружение од Струмица и најавуваат дека ако не им се исполни барањето, ќе одат и со поостри мерки.

Оттаму посочуваат дека во овие години трпат најголеми последици од кризата и дека е време Владата да донесе нови мерки што ќе бидат и во нивна корист.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.