Убодот од стршлен е за сите многу страшен и паничен момент, а во главно ако навреме се реагира завршува со оток, кој може да боли и неколку денови.
Во екстремни случаи може да дојде и до шок или алергиска реакција на отровот, па така на изглед обичниот убод може да биде фатален по животот.
Причинители на оваа состојба или шокот се: Алергија на каснување на инсект, убод на незгодно место каде отокот прави гушење.
Во овој случај веднаш повикајте Брза помош без размислување. Професионалци треба брзо да спроведат антишок терапија.
Треба да бидете внимателни, во ретки случаи алергиската реакција може да задоцни и до 8-10 часа. Затоа, во секој случај веднаш обратете се на лекар.
Отровот и сами може да го исфрлите со таблета аспирин, така што ќе ја натопите во вода и притиснете на местото на убодот. Ќе ја држите минута, па тргнете.