Вчеравечер на улицата „Борка Медаро“, триесетгодишниот М.М. ја убил баба си во нејзината сопствена куќа. Внукот влегол во спалната соба каде спиела неговата баба и со перница се обидел да ја загуши.
Истата давала отпор и некако се оттргнала од него, по што тој извадил метален боксирач и ја удрил неколку пати во пределот на главата. Жената починала на лице место, а внукот по еден час сам се пријавил во прилепката полициска станица – пренесе Тв 21.
Полицијата веќе извршила увид на местото на настанот.