Убиен полицаец во Куманово!

Полицаец од СВР Куманово е прободен со нож додека интервенирал за семејно насилство во кумановската населба Средорек. Од задобиените повреди полицаецот починал, објави порталот СДК.

policija-bistra

Убиството се случило пред 23 часот во сабота во семeјство каде било пријавено дека насилник ги малтрeтира домашните. Кога полицаецот влегол во куќата насилникот се нафрлил врз него и го пробол со нож во грбот. Од задобиените повреди полицаецот починал на лице место.

Поради сериозноста на повредата полицаецот починал пред да пристигне екипата за медицинска помош. Увидот е во тек, а напаѓачот е приведен.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.